Известување од ФК БЕЛАСИЦА:
Со одлука на одборот на ФК Беласица за потпретседател на истоимениот градски фудбалски клуб од денес именувана е Тања Милушева жена од бизнис секторот која што е со силни амбиции ФК Беласица повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал.
За прв пат во македонскиот фудбал Струмица добива жена потпретседател која има земено учество во повеќе хуманитарни акции за социално ранливи категории и донации на медицинска опрема за струмичката болница.