strumica denes logo

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР ВО РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА: За првпат во Македонија, осуденик од Струмица доби свидетелство за завршено средно образование!

Автор:

Датум:

јуни 3, 2026

Автор:

Датум:

јуни 3, 2026

Во КПУ Затвор Струмица беше одбележан значаен настан во областа на ресоцијализацијата на осудените лица, откако за првпат во Македонија на осуденик му беше врачено официјално свидетелство за завршена година од средно образование стекнато во рамките на затворска установа.

Од Управата за извршување на санкции информираа дека станува збор за прв ваков пример во државата, кој претставува важен исчекор во примената на образовните програми во казнено-поправните установи. Осуденото лице Д.Т. успешно ја завршило првата година од средното образование во ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ во Струмица, при што постигнало добар успех.

Надлежните институции оценуваат дека образованието е еден од клучните фактори за успешна ресоцијализација и подготовка на осудените лица за враќање во општеството. Според нив, овој успех е резултат на координираната работа на образовните институции и затворската администрација, кои овозможиле услови за непречено следење на наставниот процес.

Од КПУ Затвор Струмица посочуваат дека образовниот пат на осуденикот продолжува и во наредниот период, со цел тој целосно да го заврши средното образование и да стекне дополнителни знаења и квалификации.

Овој пример, според надлежните, претставува потврда дека преку образование, личен ангажман и институционална поддршка може да се создадат нови можности за позитивни животни промени и успешна реинтеграција во заедницата.