ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ИМА ПОНУДА ЗА ДУПЛО ПОЕВТИНА СТРУЈА, БАРА ДЕБАТА СО КОВАЧЕВСКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА!

септември 29, 2022

Тој истакна дека клучната поента на понудата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја претстави во јавноста е дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство добиени со користење евтин ресурс за стопанството и економијата.

„Дополнителни количини на топлина за да може скопјани и сите корисници на централното греење во главниот град Скопје да не плаќаат повисоки сметки за затоплување на нивните институции и домови. Заштеда од минимум од 300 милиони евра, пари коишто оваа влада ќе ги потроши во периодот што следи, граѓански, народни пари, коишто ги нема, а ќе ги земе преку скапи кредити, задолжувајќи се на домашниот и меѓународниот пазар. Понатаму, зголемување на бруто-домашното производство, наместо да се понижуваме околу, во соседна Бугарија, соседна Бугарија, соседна Грција, малку подалеку во регионот, Турција и да бараме како просјаци, да си го организираме домашното производство и домашните енергетски комбинати да можат да произведуваат за потребите како на граѓаните така и на индустријата. На тој начин ќе го зголемиме бруто-домашното производство и ќе го зголемиме бруто-производството на енергија“, се наведува во предлогот што го образложи Мицкоски.

Мицкоски го повика првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски, на дебата за енергетската криза.

„За да нема дилеми го повикувам Димитар Ковачевски да одбере медиум и време кога заедно ќе се соочиме пред македонската јавност бидејќи сега не е време за политиканство и политики. Не е време за надмен, нервозен и емотивен однос. Сега е време за одговорност, сега е време како да им помогнеме на граѓаните, како да ѝ помогнеме на Македонија“, рече Мицкоски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: