ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО СТРУМИЦА: Јас не бегам од проблемите, отворам широк фронт и ги решавам – Струмица ќе има чист воздух!

декември 27, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Загадувањето на амбиенталниот воздух во зимските месеци е сериозен проблем со којшто се соочуваме и правиме се што е во наша надлежност да го решиме.

Но, тој не е само проблем на Општината, има пошироки размери и бара поширок пристап и третман и од локалните и државните институции и од граѓаните.

Денеска го ставивме на дневен ред на Локалниот совет за превенција и тој ја доби посакуваната видливост од граѓаните со коишто сме загрижени за аерозагадувањето.

Ние за разлика од другите проблемите не ги криеме, напротив ги афирмираме за да ги решиме. Отворивме дебата на којашто присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, граѓанки и граѓани, претставници на надлежни институциии, како Македонски шуми, Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекции.

Граѓаните најмалку сакаат да гледаат пинг понг од институциите, кој е надлежен, а кој не е, тие сакаат решенија. Оптимист сум, сите заедно со работното тело составено од локални и државни институции и претставници од судската власт и обвинителството, ќе испорачаме добра насока за решавање на проблемот.

Го работиме проектот со УНДП вреден 20 милиони денар и го испитуваме воздухот во затворени простории, имплементираме електрифициран јавен превоз, за повеќе од 100 проценти ги зголемуваме зелените површини со новиот Генерален урбанистички план чие донесување го блокира опозицијата, ама нема да успее.

Јас не бегам од проблемите, отворам широк фронт и ги решавам. Така ќе биде и со аерозагадувањето. Струмица ќе има чист воздух!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ