strumica denes logo

Градоначалникот Славе Андонов: Подрачното училиште во Ангелци доби нова библиотека, донација од Турција!

Автор:

Датум:

април 15, 2025

Автор:

Датум:

април 15, 2025

Подрачното училиште „Гоце Делчев“ во селото Ангелци, кое функционира во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ – Василево, доби нова и целосно опремена библиотека, која ќе им служи на најмладите жители на ова населено место.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Библиотеката е уредена со нови маси, столови, полици и книги, а донацијата пристигна од Република Турција преку ТМБХ (Турската Меѓународна Братска Хуманитарна организација).

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, изрази голема благодарност до донаторите, нагласувајќи ја важноста на ваквите проекти за развојот на локалната заедница.

„Задоволството е уште поголемо затоа што оваа донација е наменета за најмладите, за нивното образование. Младоста и образованието се иднината на секоја заедница. Благодарност до донаторите од Република Турција и до претседателот на ТМБХ, Erdoğan Saraç“, истакна Андонов.

Со оваа донација, училиштето во Ангелци добива значаен импулс за унапредување на наставниот процес и поттикнување на љубовта кон книгата кај учениците. Од општина Василево најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат да работат на подобрување на условите во сите училишта на територијата на општината.