Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Да се биде Градоначалник на Општина Струмица е голем предизвик. Го прифатив и храбро и посветено се носам со него. Струмица заслужува големи дела и во новата буџетска година ќе ги има.
Пред членовите на Советот на Општина Струмица, денеска, го образложив Предлог Планот на програмите за развој за 2022 година. Одобрениот план ги содржи сите капитални програми од кои најголем дел се повеќегодишни, а кои даваат јасна претстава во кој правец ќе се движи развојот на општина Струмица.
Од срце за новата верзија на општина Струмица.❤️