strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА И ГРАЃАНИТЕ ЗАЕДНО ГО КРЕИРААТ БУЏЕТОТ ЗА 2020 ГОДИНА!

Автор:

Датум:

октомври 4, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 4, 2019

Категории:

Струмица

Со одржувањето на првата форумска сесија во големата сала на Домот на АРМ, општина Струмица започна со реализација на Буџетскиот форум на кој граѓаните и градоначалникот Коста Јаневски заедно го креираат буџетот за 2020 година. На планираните пет форумски сесии кои што ќе се одржат во текот на овој и идниот месец, граѓаните ќе имаат можност да даваат свои предлози за проекти и ќе утврдуваат приоритети кои ќе го подобрат квалитетот на живот во Општината.
Втората форумска сесија ќе се одржи на 17 октомври.