strumica denes logo

Ѓорге Божинов доби нова поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на Ново Село!

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партијата продолжи со подготовките за претстојните локални избори. Во фокусот на дискусијата беа предлозите за кандидати за градоначалници во повеќе општини низ државата.

Во општина Ново Село, партијата повторно ја изрази довербата кон досегашниот градоначалник Ѓорге Божинов, номинирајќи го како кандидат и за претстојниот мандат. Божинов, кој зад себе има повеќегодишно искуство во водење на општината, беше издвоен како еден од кандидатите со јасна поддршка и позитивна оценка од теренот.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека изборот на кандидатите е резултат на детални анализи, анкети и консултации со членството и граѓаните, со цел да се понудат најдобрите решенија за локалното управување.

Во наредниот период, од партијата најавуваат објавување на нови имиња на кандидати во останатите општини.