strumica denes logo

ГОРДОСТ ЗА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО: ДИМИТАР ЈОВАНОВ ОД ПИПЕРЕВО ОСВОИ ТРИ ЗЛАТА НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ ВО СРБИЈА!

Автор:

Датум:

мај 19, 2026

Автор:

Датум:

мај 19, 2026

Младиот спортист Димитар Јованов од село Пиперево, општина Василево, постигна извонреден успех на Балканското првенство во карате кое се одржа во Србија, освојувајќи дури три златни и еден сребрен медал.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

За големиот успех на младиот каратист информираше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој денес остварил средба со Димитар и му упатил честитки за блескавиот настап и постигнатите резултати.

Јованов го освоил првото место во категориите Кихон Кумите, Кихон у место и Кати, додека второто место го освоил во категоријата Борби, со што уште еднаш го потврдил својот спортски талент, дисциплина и посветеност.

Од Општина Василево истакнуваат дека ваквите успеси се вистинска гордост за целата општина и доказ дека младите од овој крај имаат потенцијал за големи спортски достигнувања.

Градоначалникот Андонов му посакал на Димитар уште многу успеси во иднина, истакнувајќи дека неговите резултати се инспирација за сите млади генерации.