strumica denes logo

ГОЛЕМА ИЛИНДЕНСКА ЗАБАВА НА 24 ЈУЛИ ВО РАДОВО ПО ПОВОД ПЕТГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА РАДОВСКАТА КОЊАНИЦА!

Автор:

Датум:

јули 22, 2026

Автор:

Датум:

јули 22, 2026

Здружението на граѓани „Илинден“ – Радово на 24 јули организира голема Илинденска забава по повод петгодишниот јубилеј од формирањето на Радовската коњаница, која и годинава ќе тргне кон Крушево за достоинствено одбележување на големиот македонски празник Илинден.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

За музичката атмосфера ќе се погрижат Мирослав Мирчески и „Грациозо“, како и младиот Душко Никовски. Пред присутните ќе настапи и играорната група при КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица, со програма исполнета со македонски народни ора.

Во рамките на прославата ќе им бидат доделени благодарници и плакети на коњаниците како признание за нивната посветеност, љубовта кон традицијата и придонесот во зачувувањето на илинденскиот дух.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Настанот ќе се одржи во петок, на 24 јули, со почеток во 21:00 часот, во училишниот двор во селото Радово. Организаторите ги повикуваат жителите од регионот, како и гостите од Македонија и од странство, да бидат дел од вечерта исполнета со музика, песна, игра и богата културно-уметничка програма.