ГО ПОДГОТВУВААТ ЛИ СВЕТОТ ЗА НЕШТО НОВО? ПО АМЕРИКА, ДЕНЕСКА КИНА ОБЈАВИ ДЕКА Е ОТКРИЕНО НЛО И НАЈАВИЈА НЕГОВО УРИВАЊЕ!

февруари 13, 2023

Неидентификуван летечки објект е откриен во источната кинеска провинција Шандунг, објави кинески „Глобал Тајмс“, повикувајќи се на локалните поморски власти.

Како што објави медиумот на Твитер, локалните поморски власти соопштиле дека забележале неидентификуван летечки објект во близина на крајбрежниот град Жиджао во Шандунг и се подготвувале да го соборат.

Британски Сан објави, повикувајќи се на кинески државни медиуми, дека Кина открила дека неидентификуван летечки објект навлегува во нејзиниот воздушен простор и се подготвува да го собори.

Заедничката воздушна команда на САД и Канада (NORAD) во саботата собори неидентификуван објект во канадскиот воздушен простор, објави канадскиот премиер Џастин Трудо и истакна дека канадските сили ќе ги реконструираат и анализираат остатоците од авионот.

Оваа вест ја потврди и Пентагон, наведувајќи дека „американски F-22 соборил објект на канадска територија, користејќи ракета AIM 9X по блиска координација меѓу американските и канадските власти“.

Белата куќа објави дека Бајден и Трудо се согласиле да ја продолжат блиската координација за „да го одбранат воздушниот простор“.

Американските власти вчера привремено го затворија воздушниот простор над Монтана за цивилен сообраќај, а NORAD синоќа испрати борбени авиони за извидување, но тие „не идентификуваа никакви летечки објекти што одговараат на радарските индикации“.

Исто така, минатата недела американското воено воздухопловство собори кинески балон над нивна територија, за кој Вашингтон тврдеше дека бил извидувачки балон, додека Пекинг ги отфрли обвинувањата и посочи дека станува збор за метеоролошки балон.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ