strumica denes logo

Газираните сокови придонесуваат за ќелавост кај мажите!

Автор:

Датум:

август 12, 2024

Автор:

Датум:

август 12, 2024

На сѐ поголем број мажи им опаѓа косата, покажуваат новите истражувања. Меѓутоа, наводите посочуваат и дека прекумерното консумирање засладени пијалоци е поврзано со машката ќелавост.

Наодите се на научници од Универзитетот Цингхуа во Пекинг и нивните наводи велат дека ќелавоста е речиси 30 пати почеста кај мажите кои пијат по еден газиран пијалак, сок или претерано засладено кафе или чај секој ден. Оние кои пијат повеќе од еден засладен пијалок дневно имаат 42 отсто поголеми шанси да доживеат губење на косата отколку оние кои не пијат пијалаци со шеќер.

Се разбира, слатките напивки не се единствениот фактор зад опаѓањето на косата. Менталното здравје и генетиката исто така играат улога, но важно е и да се внимава на исхраната. Советот вели: намалете ја пржената храна и вклучете повеќе зеленчук во оброците.

Меѓународното здружение за истражување на матични клетки во Лос Анџелес во 2019 година објави дека според научните наоди, природна коса ќе може да се добива од матични клетки.