Во Франкфурт, Германија вчера се одржа турнир во фудбал каде екипата на DP TROCKENBAU GMBH, играчи сите од општина Василево, го освоија првото место и наградата од 500 евра ја донираа за нашиот Кико за кого на нозе се крена цела Македонија. Кон донацијата се приклучи и екипата која го освои третото место и донираа 200 евра, но и организаторот на турнирот. Вкупно се собраа 1000 евра и беа префрлени на сметката за донации.
ДА ДОНИРАМЕ ЗА КИКО:
Од А1: 143 471
Од Телеком: 143 130