Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, големиот Христијански празник Велигден синоќа го дочека во родната Струмица.
„Им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници. Нека овој празник ни донесе мир на сите, благосостојба и меѓусебно почитување.Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со кои се соочуваме сите ние граѓаните.“ – напиша тој на неговата официјална фејбук страница.