strumica denes logo

ФИФКАТА ОРГАНИЗИРА „ПРОТЕСТ ПРЕКУ ЗАБАВА“ ВО СТРУМИЦА

Автор:

Датум:

септември 15, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 15, 2020

Категории:

Струмица

„Протест преку забава“ –
Не може некој да работи а друг не, а воедно да нема никакви протоколи за истите!
Ве замолуваме да најдете решение за сите нас. Нели се ветуваше „еднакво“ општество за сите? Сакаме еднакви закони, еднакви протоколи, еднаква можност за старт, а понатаму духот на натпреварот, компетицијата и претприемништвото нека победи! Засегнати сме сите угостители, кој повеќе кој помалку. Но и многу други артисти, музичари и уметници кои го вадат својот леб како и лебот за своите фамилии.

Не сакаме да спомнуваме одредени бизниси, но знаеме дека има фабрики со голем број на вработени кои работат, што е нормално, и треба да работат. За нив се најде решение. Јавниот превоз работи, казината кои се со огромен капацитет, работат. Гледаме дека се организираат и концерти дури. Па тогаш зошто да не се најде решение за сите останати како нас? Сакаме и ние да функционираме, а не да бидеме затворени – се разбира, со посебни протоколи! Не може едните „дискотеки“ да работат, а другите не и воедно да нема никакви протоколи за истите. ЗАКОН ЗА СИТЕ, ИСТО. Или сите отвараме или никој!

Воедно, ова е и револт против неправедно донесените мерки и протоколи! Сакаме слободен живот и слобода во работата Ги повикуваме сите засегнати од ова зло да дојдат на забава! И да си го побараме нашето право за живот и иднина за нас младите!
Бидејќи веќе подолг период нема слух од ниту еден орган за сите нас се решивме да одржаме забава според сите пропишани протоколи за живот од страна на СЗО! Пуштете не да продолжиме со живот на наша свест! Бидејќи видовме дека ниту нешто функционира, ниту пак дадоа резултат досега донесените мерки, ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ да најдете поддеднакво решение и протоколи за сите нас!
Никој не сака да му се случи лошо! Со таа медиумска пропаганда внесовте психичко растројство и страв кај цело население, Никој не сака да му се разболи најблискиот, а не па да се случи и најлошото, но ние мора да продолжиме со животот!

Се гледаме на Журка во Петок и Сабота! Се додека не се најде решение ќе има забава!

Бевме затворени мислејќи сите дека некој знае што прави, но на крај испадна само пропаст на економски план, а фатално за одредени бизниси! Почнаа извршителите со работа! Од октомври почнуваат ратите за кредит! Мора да работиме за да преживееме!
Уште еднаш, Ве покануваме на забава викендот со многу изведувачи и артисти!
Не не засега ниту една политичка партија! Вие ни служите на народот, не ние вам!
Петок и Сабота со почеток од 17:00 до 01:00 во Градскиот Парк во Струмица ќе има Забава!

Ве покануваме сите кои сте засегнати од било која причина со нешто, да дојдете и да го искажете својот револт па се надеваме дека ќе допреме до државните институции и во нај скоро време ќе најдат решение за нашите проблематики! Ги повикувам сите медиуми кои ќе бидат во можност да не поддржат!