ЕУРОМАКС: Рудникот Иловица – Штука нема да ги загадува почвата, водата и воздухот!

јуни 27, 2020

Денес го проследивме протестот во Струмица каде за жал во континуитет се соочуваме со една група активисти кои во име на заштита на животната средина, но без издржани аргументи артикулираат обвинувања, повикуваат на омраза и осуда кон Проектот- „Рудник на Можности Иловица-Штука“, но и кон сите кои ја поддржуваат неговата реализација, не верувајќи во празното повторување невистини, дезинформации и апокалиптични сценарија.
Го почитуваме сечие право за слободно изразување, но разочарани сме што оваа група се обидува во предизборниот период неодговорно да „се пазари“ со судбината на илјадници жители од регионот кои преку Проектот имаат можност да си обезбедат квалитетни работни позиции и значително подобрување на животниот стандард.

Проектот за рударскиот комплекс „Иловица-Штука“ е развиен врз повеќегодишни истражувања за влијанието врз животната средина, применувајќи ги највисоките европски и светски стандарди.

Оваа најголема директна странска инвестиција во државата нема да ја загадува почвата, водата и воздухот, ниту ќе претставува опасност за здравјето на луѓето. Работејќи заедно, сите ќе докажеме дека во новата ера – Одржливото Рударство и Земјоделство Можат Успешно да Егзистираат Заедно.
Ваква капитална инвестиција има реален капацитет сериозно и ефикасно да го забрза заздравувањето на регионалната и на националната економија.
Проектот ќе создаде илјадници директни и индиректни работни места а од даноците и од другите законски давачки кои Еуромакс ќе ги уплаќа во буџетот, ќе се вложува во подобрување на локалното образование, социјалните програми и здравствената заштита, како и за модернизација на локалната инфраструктура.

Апелираме до сите граѓани и релевантни институции во Република Северна Македонија, пред да донесат одлука за иднината на Проектот, добро да се информираат за сите точни и аргументирани факти за изградба и оперирање а посебно во делот за заштита на животната средина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: