strumica denes logo

ЕЛЕНА ЛУКА ВРАБОТУВА МОДЕЛАРИ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МОДЕЛАРИ ВО СТРУМИЦА ВО ЕЛЕНА ЛУКА – КОНТАКТ: 070 312 413 ИЛИ НА СЛЕДНИОТ МЕЈЛ el@elenaluka.mk

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Потребни квалификации и вештини:

• Образование: ССС;
• Работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност;
• Изразени естетски вредности;
• Одржување на уредност на работниот простор;
• Прецизност и точност во работата;
• Педантност и ефикасност во работењето.

Компанијата нуди:

• Работа во компанија со изграден имиџ;
• Стабилност и можност за личен развој;
• Градење успешна кариера;
• Можност за надградба на професионален план;
• Одлични услови за работа;
• Плата по договор.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.