strumica denes logo

ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ЕВАКУИРАНИ ВО МАРАКЕШ ПО СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Автор:

Датум:

септември 9, 2023

Автор:

Датум:

септември 9, 2023

TOPSHOT - A resident navigates through the rubble following a 6.8-magnitude quake in Marrakesh on September 9, 2023. A powerful earthquake that shook Morocco late September 8 killed more than 600 people, interior ministry figures showed, sending terrified residents fleeing their homes in the middle of the night. (Photo by FADEL SENNA / AFP) (Photo by FADEL SENNA/AFP via Getty Images)

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар југозападно од историскиот град Маракеш.

Од МНР информираат дека нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Каиро е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.

„Во нашето дипломатско конзуларно претставништво во Каиро досега се пријавени само двајца наши државјани, кои се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид“, се наведува во соопштението од МНР.

Од МНР ги повикуваат сите државјани на Република Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273 – 732.