strumica denes logo

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР ПОЧНА ШТРАЈК: Ова ќе значи неможност да се спроведе државна матура

Автор:

Датум:

април 24, 2023

Автор:

Датум:

април 24, 2023

Државниот испитен центар почна штрајк за повисоки плати, што го оневозможува спроведувањето на државната матура, објавува „Макфакс“.

Синдикатот бара од Министерството за финанзии согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои, како што велат, вработените би добиле достоинствени плати.

Се нагласува дека сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела неможност да се спроведе државната матура.

– Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии – се наведува во објавата на синдикатот.

Во овој момент, 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари, додаваат од Синдикалната организација на Државниот испитен центар.

 

ИЗВОР:  MAKFAX