Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Градоначалникот на општина Струмица Коста Костадинов, денеска сподели добра вест за сопствениците на дуќани и тезги во „Глобал“. Започна исплатата за помошта од владата на Република Македонија за оштетените од пожарот. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари.
„Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.“ – напиша градоначалникот.