strumica denes logo

ДОАЃА СИЛЕН ЕЛ НИЊО: Пред нас е многу жешко лето со суперќелијски бури!

Автор:

Датум:

април 14, 2026

Автор:

Датум:

април 14, 2026

Летото оваа 2026 година во Македонија ќе биде значително потопло од просекот со чести топлотни бранови со потекло од Африка кои често ќе бидат и многу изразени и ќе донесат многу високи температури на воздухот кои особено во централните и во југоисточните предели од Македонија ќе се искачуваат и ќе надминуваат 40 степени. Секако оваа година во текот на летните месеци очекувам и почеста појава на оние тропски ноќи кога температурите на повеќето места во Македонија нема да се спуштаат под 20 степени.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Оваа 2026 година летото во Македонија очекувам да биде потопло од просекот за 1 до 2 степени.

Сето ова е поради тоа што во текот на летните месеци значително ќе добие на интензитет климатолошкиот феномен Ел Нињо кој носи топлина и многу жешки лета во Европа и секако на Балканот и во Македонија.

Оваа 2026 година летото ќе ни донесе и почести Суперќелијки бури во Европа и на Балканот а временските непогоди ќе бидат честа појава и во Македонија. Повремено очекувам и појава на силни невремиња и временски непогоди и во Македонија.