Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и красноречивост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабошците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град. Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабошци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор. Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера. Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Мина, извикувајќи кон царот: „И јас сум христијанин!“ Царот збесна, го исука мечот и го уби Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и ги погреба.
Денес се празнуваат Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф
![](https://strumicadenes.mk/wp-content/uploads/2023/04/crkva-sv-Ilija.jpg)
ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА ШОФЕР СО ПОЛОЖЕНА Ц КАТЕГОРИЈА!
Еуро Дистрибуција – Струмица има потреба од шофер со положена Ц категорија! Телефон за информации и пријавување: 070 748 399
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ВРАБОТУВА ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ ЗА РАБОТА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ!
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ДООЕЛ вработува ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ за работа во сметководство и финансии. Потребни се следниве квалификации: - ЗАВРШЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ -…
Денес се празнува Чудата на светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и…