Овој славен светител беше родум од Египет и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на свети Андреј од Патра и на свети Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во Египет и во овој чин остана и во времето на Конастанциј, Константиновиот син, а извесно време и при Јулијан Отстапник. Кога овој богоотстапен цар тргна во војна со Персијците, запре во Антиохија и му нареди и на Артемиј да дојде со својата војска во Антиохија. Артемиј дојде. Во тоа време царот подложи на маки двајца христијански свештеници, Евгениј и Макариј. Кога го виде тоа Артемиј се возмути со сето срце и излезе пред царот и му рече: „Зошто цару толку нечовечно ги мачиш невините и на Бога посветени мажи и зошто ги присилуваш да се откажат од верата православна?“ И уште Артемиј му прорече на царот: „Твојата погибел е близу.“ Разјарен царот ги испрати оние двајца чесни свештеници на прогонство во Арабија, каде што набрзо се упокоија, а војводата Артемиј го расчини и нареди да го растргнуваат и бијат. Сиот ранет и раскрвавен Артемиј го фрлија во затвор, каде што му се јави Самиот Господ Исус Христос, Кој го исцели и го утеши. Потоа царот нареди, та го спростреа на еден камен, а со друг тежок камен го притиснаа така што телото на Артемиј го здробија и го сплескаа како штица. Најпосле му ја отсекоа главата. Ова се случи во 362 година. А царот Јулијан отиде на бој против Персијците и срамно загина, како што му прорече свети Артемиј.
Денес се празнува Светиот великомаченик Артемиј
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во…
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ со седиште во с.Дабиле -Струмица, има потреба од вработување на едно лице: 1. МЕХАНИЧАР СО РАБОТНО ИСКУСТВО,…
Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во…
Денес времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Од утре на повеќе места ќе има врнежи…
Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го…
Apartmani.mk или македонскиот Booking MK е иновативна платформа за краткорочно изнајмување сместувања, која моментално опслужува клиенти во Македонија, Србија и…