Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. Старецот го закопа и отиде да му се пожали на еден свет старец, велејќи: „Акакиј, мојот ученик, умре.“ „Не верувам“, одговори светиот старец, „Акакиј не е умрен.“ Тогаш обајцата отидоа на гробот на умрениот и оној свет старец повика: „Брате, Акакиј, умре ли?“ А послушниот Акакиј и по смртта послушен, одговори: „Не, оче, не може да умре оној што е послушен“. Тогаш оној зол старец се покаја, се затвори во една келија близу гробот Акакиев, каде што остатокот од животот го помина во покајание и во молитва.
Денес се празнува Преподобен Акакиј Синајски
American Express Freight INC вработува ДИСПЕЧЕРИ за работа во канцеларија со локации во Радовиш и Струмица СО РАБОТНО ИСКУСТВО. Потребно…
На 14 февруари, по повод Денот на вљубените, популарниот српски состав Тропико Бенд ќе настапи во ресторан „Шалом“ во Струмица.…
По подолга пауза од музичката сцена, струмичанецот Ѓорги Костовски, познат под уметничкото име Farse, се враќа со нов видео запис…
Фабрика за производство на столови Алаџови комфорт има потреба од ТАПАЦЕРИ со работно искуство. Информации на тел:078/214-963
“Солза и смеа” доаѓаат во Струмица со најновото комично шоу кое носи наслов “Аџанак -Баџанак”, шоу кое ПРЕМИЕРНО ќе биде…
Со доаѓањето на месец февруари започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По…