Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Наместо капитални проекти за граѓаните, Општина Струмица стана град на ‘’профитерски проекти’’ и ‘’ќе добие’’ проекти!

септември 1, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Наместо капитални проекти за граѓаните, Општина Струмица стана град на ‘’профитерски проекти’’ и ‘’ќе добие’’ проекти

Од 1-ви Септември Општина Штип добива нов јавен превоз со шест нови автобуси за граѓаните. Општина Кавадарци добива нови булеварски решенија како капитална инвестиција за граѓаните. Други Општини имаат инвестиции и започнаа со помош во образованието со разни помагала и инвестиции во подобрување на условите за учениците. Многу Општини добија инвестиции во нова инфраструктурна мрежа, со нови реконструирани улици и нови канализациони и водоводни мрежи.

Општина Струмица, за жал, не доби ниту еден капитален проект во интерес на граѓаните.

Секој шест месеци се започнува со работа на нови булевари (читај: се сликаат!) – претходно обеќаните булевари не се ниту започнати, ниту се спомнуваат.

Обеќаниот мост – кој требаше да биде ”прв ваков проект во историјата” и да се заврши за една година, нема ни трага ни глас.

Улиците кои требаше да се реконструираат, да се прошират и да се смени канализациона мрежа – се започнати и оставени, други не се ниту започнати. Се асфалтираат слепи улици и се прикажуваат како градежен бум во Струмица. Две улици околу каналот Крушевска Република се асфалтираат цела година! – инаку до половина се стигнати.

Цела година се зборуваше и планираше ( ПОГРЕШНО! ) за ставање во функција на јавен превоз – додека другите општини веќе добија јавен превоз ние немаме ништо. Меѓутоа другите општини не зборуваа, не се сликаа и работеа и затоа сега имаат јавен превоз за граѓаните. Со тоа Општина Струмица стана единствена поголема општина која нема јавен превоз.

Битно “ќе добиеме”.

Општина Струмица доби две нови игралишта и pump велосипедска трака ( која ако бидеме искрени личи како да е направена пред 10 години, без никакво уредување и целата обрасната во треви ). Само за пример како се одржуваат постоечките игралишта е соседното фудбалско игралиште, во кое секојдневно тренираат многу деца. Целата заштитна ограда е искината ( инаку не е од граѓаните, затоа што мрежата е премногу високо скината за било кој да може да ја скине – за да не им се криви повторно граѓаните ), и е небезбедно за сите деца кои тренираат, а ги има многу. Игралиштето е од пред 3-4 години, за постарите нема ниту да зборувам во каква состојба се.

Како капитален проект Општина Струмица не доби ништо!.

Повторно се планира капитален профитерски проект , како фотоволтажни централи во ЈП Комуналец, чија цел е да се земе огромен кредит за инвестија која никој нема да може да ја контролира, нема да има никаков бенефит за граѓаните и тоа во претпријатие кое е секогаш во загуба и кое е целосно контроверзно. Битно провизијата ќе се подели!

Тоа е Струмица после 2 години сликање и медиумска кампања!

Честитики за новата учебна година на сите ученици, посебно за првачињата. Им посакувам да имаат успешна учебна година и многу успех во целокупното образование.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ