strumica denes logo

„Бучим“ донираше патничко возило за потребите на Општата болница во Струмица!

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Со голема благодарност и признание, Општата болница Струмица ја прими донацијата на патничко возило од страна на компанијата ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш. Оваа донација претставува значаен придонес кон унапредување на логистичките и организациските капацитети на здравствената установа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Новото возило ќе се користи за подобрување на секојдневните активности на болницата, со што ќе се овозможи побрза и поефикасна услуга за пациентите и полесна координација на здравствените тимови.

„Искрено благодариме на Бучим за покажаната општествена одговорност и континуирана грижа за заедницата. Оваа поддршка не само што ќе го олесни нашето секојдневно работење, туку е и силна порака дека солидарноста и поддршката од деловниот сектор се од суштинско значење за јавното здравје“, изјавија од раководството на Општата болница Струмица.

Со вакви гестови, компанијата „Бучим“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон заедницата и останува пример за корпоративна одговорност во регионот.