На 01.02.2022 во периодот од 20.30 до 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во автобус, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица и три патнички возила со струмички регистарски ознаки. При контролата во автобусот на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, управуван од Н.Б.(37) од с.Велуса, струмичко, било утврдено дека вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Исто така, биле затекнати и повеќе патници од дозволениот број на патници кои може да се превезуваат. Додека, при контрола на патничките возила на магистралниот пат Струмица – Радовиш било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од с.Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација. За настаните биле запознаени Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од општина Струмица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Автобуси во струмичко фатени како превезуваат патници без документација!
Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија,…
SYNOTTIP казино вработува девојки и момчиња за работа со или без работно искуство во Струмица и Муртино. Платен превоз и…
АД ГРОЗД - СТРУМИЦА бара работници за во производтствена линија. По завршената обука и запознавање со технолошкиот процес, следува одлична…
Патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите…
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.…
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…