Заврши асфалтирањето на патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Владевци, информираше градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.
Во рамките на проектот е асфалтиран и паркинг-просторот пред црквата, со што е исполнето долгогодишното барање на жителите на Владевци за уреден и безбеден пристап до храмот.
Според Андонов, станува збор за место со големо духовно и историско значење за населеното место, кое отсега ќе има достоинствен пристап за верниците и посетителите.
„Не ветуваме само – реализираме. Не зборови, туку дела. Уште едно ветување е исполнето и уште еден проект е реализиран“, порача градоначалникот Андонов, најавувајќи продолжување на активностите во општината.





















