Глобалниот лидер за автомобилски седишта, од светски ранг и една од 202-те фабрики низ цел свет – Адиент аутомотив, Струмица го проширува својот тим. Сега со можност и вие да станете дел од глобалното семејство со преку 80.000 вработени низ цел свет. Компанијата наскоро ќе го прославува петтиот роденден во Македонија и без разлика на сите тековни случувања во светот, борбата со вирусот и несигурноста што носи утрешниот ден, Адиент има одлична перспектива и светла иднина за сите кои ќе одлучат да се приклучат.
Со професионалниот тренинг кој важи за сите нови вработени се стекнуваат квалификации кои се на ниво на сите други производни погони низ светот. Покрај обезбеден превоз и храна, позитивна работна атмосфера и млад и динамичен тим, бонусите и наградите се додатна мотивација на добрите редовни месечни примања и придонеси.
Доколку сакате и вие да бидете дел, јавете се на +389 34 369 424 секој работен ден од 08 до 16 часот.