ДЕНЕС СТАБИЛНО И СОНЧЕВО, ОД ПЕТОК ПОПЛАДНЕ ПОВТОРНО ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

ноември 9, 2023

Денес претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

 

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ