По подолга пауза од музичката сцена, струмичанецот Ѓорги Костовски, познат под уметничкото име Farse, се враќа со нов видео запис за песната „Спиеш ли мирно“.
Овој проект означува негово повторно активно присуство во македонската рап музика.
Песната „Спиеш ли мирно“ носи силна порака, а текстот и видеото се одраз на современата реалност, обработувајќи теми кои ќе допрат до широката публика. Со карактеристичниот стил и автентичниот звук, Farse уште еднаш докажува дека останува верен на својата музичка визија.
Видео записот, кој е достапен на YouTube, веќе привлекува внимание и наидува на позитивни реакции од публиката. Со овој проект, струмичанецот најавува и нови музички содржини во текот на оваа година.