ВАСИЛИЈА ЃОРГИЕВА ОД СТРУМИЦА УТРЕ СО ПРОМОЦИЈА НА СВОЈОТ ПРВ РОМАН „БЕЗГРИЖНА“

декември 24, 2023

Со огромна чест и задоволство Ве поканувамe да присуствувате на промоцијата на првиот роман ,,Безгрижна” на Василија Ѓоргиева која ќе се одржи на 25 декември, со почеток од 19 часот, во просториите на Дом на културата – Босилово.

Според темата која што ја обработува се класифицира во групата на крими – романи кој до самиот крај ќе ве држи во голема неизвесност, роман во кој нашата млада авторка до крај ја доловува важноста на жената во овој свет и тоа колку жената е космички симбол за обнова на светот, ликот на Мелиса Мартинез Хернандез која својата приказна ја започнува во затвор, а потоа ја продолжува на релација Италија-Македонија, приказна за една жена која е доволно послушна за да сака да го промени светот и да го обви портокалово.

Василија Ѓоргиева е родена на 11 октомври 2005 година во Струмица. Основно образование завршува во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Дабиље, а сега е ученичка во четврта година во СОУУД ,,Димитар Влахов” – Струмица.

Твори и поезија и проза од своите тринаесет години и е добитник на многубројни награди, воедно е и голем вљубеник во медицината и од мали нозе ја сака борбата за човечкиот живот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ