Како одговорна, посветена и професионална институција ЈЗУ Општа Болница Струмица чувствува неопходна потреба да искаже отфрлување и резигнираност кон одредени паушални ставови на поединци, како и загриженост за прифаќањето на ваквите лаги на одредени политички партии и локални политичари.
Имено, сериозноста на нашите ставови ја потврдиме со следниве факти:
1. КТ апаратот во ЈЗУ Општа Болница Струмица не работи од февруари 2024 година, а од како е назначена новата раководна структура со целиот интегритет на стручниот колегиум се донесе став дека на нашата Болница кон која гравитираат околу 150 000 осигуреници е неопходно да се обезбеди оваа дијагностичка алатка. Се направи комплетна евалуација и се потврди дека репарацијата на постоечкиот дефектен апарат кој е набавен 2012 година ( стар 13 години) е комплетно неисплатливо и неоправдано и се потегна чекор кон обезбедување на средства за набавка на нов КТ апарат. Стручниот колегиум и управата на Болницата издејствуваа комплетна финансиска подршка, благодарение на дослухот од ФЗОМ за набавка на нов КТ, а со цел непречена здравствена заштита на нашите пациенти. Проектот за набавка на оваа алатка благодарение на ФЗОМ и Владата на РМ е во процедура.
2. Комплетно се покажаа невистинити квази тезите инспирирани од некаков тип поени наспроти сериозноста на Инститцијава дека Болницата е еколошки загадувач со фактот дека истата користи ресурс гас за затоплување.
3. Затекнувањето на состојбата со едно исправно патничко возило и две транспортни комбиња е корегирано и комплетирано и истите се користат исклучиво за потребите на пациентите и службените обврски на персоналот вработен во ЈЗУ ОБ Струмица.
Апелираме да не се инфилтрира и злоупотребува сериозноста и благородноста на нашата установа во дневни и политички цели, а со цел непречено и целисходно извршување на нашите обврски.
Со почит,
Стручен колегиум на ЈЗУ Општа Болница Струмица.