https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/1171776869695039/?t=20
Околу 200 храбри средношколци од Струмица денеска излегоа на протест во Струмица, каде го изразија својот револт поради огромното загадување во Струмица и недоволната заинтересираност на надлежните за овој проблем!
Учениците изјавија дека притисоците од професорите и директорите на училиштата денеска си го направија своето, бидејќи да ги немаше заканите ќе беа многу повеќе на струмичкиот плоштад.
Младите го повикаа уште еднаш градоначалникот и до надлежните институции, да се погрижат повеќе за околината да добие чист воздух!