strumica denes logo

ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА: СОС Детско село бара стручен/на работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства – Дипломиран психолог, социјален работник, специјален едукатор/рехабилитатор или педагог!

Автор:

Датум:

април 11, 2025

Автор:

Датум:

април 11, 2025

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

СОС Детско село неодамна започна со спроведување на лиценцирана услуга за поддршка на згрижувачки семејства во Струмица,преку канцеларијата во рамки на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства нуди услуги на стручна помош и поддршка преку проценка, подготовка и обука на идни згрижувачки семејства, промоција, следење и предлози за унапредување на услугата згрижување во згрижувачко семејство .

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства дава континуирана поддршка на постоечки згрижувачки семејства за нивен професионален развој и обезбедување на квалитетна грижа за згрижените коирсници.

За реализација на активностите во рамки на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства се огласува слободна позиција за 1 работно место:

Стручен/на работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства – Струмица

💪 СОС Детско село Северна Македонија го проширува својот тим во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства – регионална канцеларија во

📍Струмица (1 позиција)

Имаме потреба од стручно лице (дипломиран психолог, социјален работник, специјален едукатор/рехабилитатор или педагог) кое ќе работи на поддршка на згрижувачките семејства во Југо источниот регион.

📝Клучни одговорности:
• Стручна поддршка на згрижувачки семејства во југо-источен регион;
• Редовни посети во згрижувачките семејства;
• Комуникација со згрижувачките семејства
• Помош при обезбедување на полесен пристап до мрежа за поддршка за сместени корисници;
• Соработка со Центрите за социјална работа;
• Промоција на згрижувачките семејства во регионот
• Спроведување на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.

🔍Што е потребно?
• Високо образование во областа на психологија, социјална работа и политика , педагогија или специјална едукација со рехабилитација
• Пожелно е работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита);
• Познавања на детските права;
• Активно познавање на работа на компјутер;
• Пожелно е возачка дозвола Б категорија
• Добри комуникациски и организациски вештини;
• Емпатија и разбирање за потребите на згрижувачите и потребите на сместените деца

📅 Ве молиме пополнете инфорации и испратате професионална биографија најдоцна до 05.05.2025 година на следниов LINK. (КЛИКНЕТЕ ВРЗ ЛИНКОТ)

Доколку имате потреба од поддршка при апликација јавете се на бројот 075 277 447.

Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим.

Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува.

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите!

Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.