Уште еден струмичанец е на добар пат да го освои Балканот – Павле Витанов во недела во финалето на „Никогаш не е доцна“

јуни 30, 2023

Во недела е големото финале од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ каде нашиот струмичанец Павле Витанов е на добар пат да победи. Со својата моќна и харизматична сценска појава, Витанов успеа да се издвои од останатите и да остави силен впечаток на јавноста и жирито.

„Никогаш не е доцна“ ќе се емитува на ТВ Сител со почеток од 21:00 часот. Витанов ќе настапи под реден број 6. Награди и победници ќе има во три категории преку СМС гласање, фејсбук гласање и прогласување на победникот од стручното жири.

„Стигнавме до самиот крај. Ова е веќе голем успех за мене…во недела ми требаат моите струмичани, ми треба народот од цела Македонија и моите подржувачи од дијаспората“ – изјави Павле за Струмица Денес.

Тимот на Струмица Денес му посакува многу успех и среќа!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ