Неодамна во Серес, соседна Грција се одржаа последните две трки во мотори во 2022 година во БМУ – ИСТОЧНО ЕВРОПСКИ ШАМПИОНАТ во мотоциклизам во кој учество за првпат зеде Владо Џолев од Струмица и освои две трети места во двете трки. Во разговор со Струмица Денес, Џолев вели дека имало учесници од повеќе држави: Романија, Словенија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија.
„Ова беше големо задоволство и искуство за мене и се надевам дека во иднина ќе има поголема заинтересираност за овој спорт“, изјави Владо.
Честитки и многу успех во иднина!