ПОДГОТВЕТЕ ТОПЛА ОБЛЕКА: ДОАЃААТ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ДОЖДОВИ!

јануари 13, 2023

Следува период на променливо облачно време, повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Во сабота ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег.

Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.

Прогноза за 14.01.2023

Минимална температура: -5°C до 3°C

Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.01.2023

Минимална температура: -4°C до 3°C

Максимална температура: 5°C до 12°C

Утрото студено со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.01.2023

Минимална температура: -5°C до 1°C

Максимална температура: 6°C до 12°C

Наутро студено, преку денот променливо облачно. Попладне претежно од запад ќе започнат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ