ОД 6 ЈУНИ ДО 13 АВГУСТ СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2023!

јуни 5, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Со радост ја споделувам убавата вест дека нашиов град ја продолжува убавата приказна наречена „Струмица опен фестивал“.

На денешниот состанок со координаторите на настаните потврдивме дека се е подготвено за утрешниот почеток на овогодинешното 12-то издание на овој традиционален фестивал наменет за граѓаните од сите генерации со различни вкусови, а кои до 13-ти август ќе имаат можност да уживаат во 23 фестивалски содржини кои ќе се одржат на повеќе локации во Струмица.

„Струмица опен фестивал“ ги задржува традиционалните настани кои се одржуваат секоја година, но ќе бидат надополнети и со нови и креативни содржини.

Во периодот од 10 до 13 август се планирани музички концерти кои имаат за цел негување и популаризација на македонската музика.

Нека ни е со среќа!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ