КОСТА КОСТАДИНОВ:
Седмата и четвртата месна заедница од секогаш се препознавани и важат за најшареноликиот и боемски дел во Струмица. Дел од градот кој буди спомени кај секој еден Струмичанец.
Со реконструкција на легендарното Кино Балкан, ќе создадеме место во кое ќе уживаат струмичани со најновите, како и светските филмски класици. На средбата со локалните жители разговаравме за најважните теми и прашања од кои се засегнати.
А сите ние имаме заедничка цел и мисија – да го одбереме најдоброто и да овозможиме и понатаму да се продолжи во правец на креирање на најдобри спомени!