Унијата на средношколците попладнево донесе одлука следниот петок тие да излезат на протест во Скопје, во знак на незадоволство од одлуката на Министерството за образование и наука за тоа учебната година да се следи само онлајн.
Одлуката е донесена на онлајн состанокот кој се одржа денеска, а на кој присуствувале 51 претставник на средношколците од 17 града во земјава.
Средношколците веруваат дека треба да постои избор и за комбиниран модел, односно да постои опција да се избере и настава со физичко присуство.
Унијата на средношколци бара од властите измена на одлуката, односно овозможување и на физичко присуство на наставата во регионите каде тоа го дозволуваат здравствените услови.