Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.Е.(50) од Куманово, М.П.(51) од Струмица-сопственик на АД „ЗИК Скачковце“-с.Скачковце и управител на „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО – с.Скачковце, М.Џ. (67) од Куманово- управител на АД „ЗИК Скачковце“ с.Скачковце, АД „ЗИК Скачковце„ увоз-извоз с.Скачковце, Куманово и ДПЗТУ „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО увоз- извоз Куманово за сторени продолжени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“, „оштетување или повластување на доверители“ и „лажен стечај“.
Пријавените како сопственици и управители на АД „ЗИК Скачковце“, во текот на работењето вршеле дејствија со цел создавање на долгови на сметка на правното лице по основ на данок на додадена вредност и данок на добивка, како и нараснати обврски за плаќање.
За таа цел, го формирале правното лице ДПЗТУ „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО Скопје, на кое му се отстапени на располагање обработливото земјоделско земјиште да го користи под концесија и целокупната механизација, а за возврат истото, да ги исплати сите доспеани обврски кон АД„ЗИК СКАЧКОВЦЕ“.
Со намера да придизвикаат лажен стечај на АД„ЗИК СКАЧКОВЦЕ“, издадени се фиктивни фактури, по што донесено е решение за отворање на стечајна постапка. За да го прикријат незаконско работење изготвиле фактури со испратници за наводна продажба на анасон од жетвата 2016 година од магацините на АД „ЗИК Скачковце“.
Со ваквите дејствија А.Е. се стекнал со противправна имотна корист од 1.194.316 денари, М.П. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.000 денари, а заедно со М.Џ. предизвикале штета на доверителите на АД „ЗИК Скачковце“ за вкупен износ од 11.889.516 денари.