Смртта на Давиде Астори принуди многу фудбалски ѕвезди да се отворат и да ја покажат својата емотивна страна, пишувајќи последен поздрав до прерано заминатиот колега.
Еден од нив е и македонскиот капитен Горан Пандев. Тој и Астори никогаш не играле во иста екипа, иако и двајцата имаат сменето повеќе тимови во Италија. Сепак и двајцата беа повеќе од една деценија во Серија А, така што Пандев објави фотографија од Астори и напиша:
„Почивај во мир Давиде!“