Вечерва во 19 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи Велигденски хуманитарен концерт на кој гости ќе бидат членовите на Ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје.
Средствата собрани од донациите, ќе бидат наменети за хуманитарните цели на Фондација „Елеуса“.
Билетите по цена од 250 денари може да се набават во Оптика ,,Сфера” и во билетарата на НУЦК ,,Антон Панов”.

























