ТАЛЕНТИРАНИОТ ПИЈАНИСТ ОД СТРУМИЦА СТЕФАН ОНЧЕВ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА НАТПРЕВАР ВО ШПАНИЈА!

април 4, 2024

Натпреварот во Аликанте се одржа по втор пат и е организиран од Културното здружение Арс Алта, во соработка со конзерваториумот во Аликанте, под уметничко раководство на меѓународниот концертен уметник Иштван И. Секели. Неговата цел е да му оддаде почит на големиот меѓународно познат пијанист од Аликанте – Гонзало Соријано (Аликанте 1913-Мадрид 1972).

На натпреварот учествуваа повеќе од 120 натпреварувачи на возраст од 8 до 32 години, кои доаѓаат од земји како Кина, Бугарија, Романија, Русија, Македонија,Франција, Англија, Украина, Јужна Кореја, Италија, Србија, Германија и други. Натпреварот беше поделен во 4 категории: А категорија до 11 години, Б категорија од 12 до 14 години, Ц категорија од 15 до 17 години и Д категорија од 18 до 32 години.

Стефан Ончев е 11 години и учи во основното музичко училиште Боро Џони од Струмица. Во својата категорија ма овој натпревар, го освои високото прво место.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ