strumica denes logo

ИТНО, СПОДЕЛУВАЈТЕ: ПОТРЕБНА Е КРВ ОД ГРУПАТА А ПОЗИТИВ ЗА СТРУМИЧАНЕЦОТ СПАСЕ ЦЕНЕВ!

Автор:

Датум:

септември 15, 2026

Автор:

Датум:

септември 15, 2026

На струмичанецот Спасе Ценев му е потребна крв од крвната група А позитив (А+), поради голема загуба на крв како последица на боледување.

Се упатува апел до сите граѓани со оваа крвна група кои се во можност да даруваат крв да ја покажат својата хуманост и да помогнат.

Дарувањето може да се изврши утре, среда, во Општата болница во Струмица. Пред дарувањето, задолжително е заинтересираните да се јават на телефонскиот број 078 661 354, за координација и дополнителни информации.

Со споделување на апелот, информацијата може да стигне до повеќе потенцијални крводарители.