strumica denes logo

ИГРАЈ ОДГОВОРНО: ДВЛМ СО МРЕЖА СОВЕТУВАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Автор:

Датум:

јули 20, 2026

Автор:

Датум:

јули 20, 2026

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, продолжува со иницијатива за превенција и психо-социјална поддршка на лица со проблематично играње игри на среќа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во мрежата која е дел од оваа иницијатива, вклучени се советувалиштата во Скопје, Куманово, Прилеп, како и советувалиштето во Радовиш кое започна да функционира од април годинава. Советувалиштата функционираат во рамки на проектот „Играј одговорно“, кој се реализира од 2019 година, во соработка со Здружението на лекувани зависници на Република Македонија, со цел навремена поддршка и рехабилитација на лица погодени од проблематично играње.

Како општествено одговорна компанија, Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија континуирано вложува во поставување и унапредување на стандардите за одговорно приредување игри на среќа. Преку едукација, советување и поддршка, компанијата активно придонесува кон намалување на ризиците, особено кај ранливите категории граѓани.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со овие активности, ДВЛМ се позиционира како предводник во индустријата во делот на одговорното играње, со јасна цел, превенција на негативните последици од прекумерното играње и подигнување на свеста во јавноста.