На 15.03.2024 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмицаги лишиле од слобода Н.М.(35) и 28 годишник, двајцата од Струмица. Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога, при што кај едното лице бил пронајден и одземен кокаин.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.М. и биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, две дробилки, две дигитални ваги, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.