strumica denes logo

ДОБРА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА: ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДОБРИ НАЈМНОГУ СРЕДСТВА ЗА НАШАТА ДРЖАВА!

Автор:

Датум:

мај 20, 2026

Автор:

Датум:

мај 20, 2026

Македонија доби најголема финансиска поддршка меѓу земјите од регионот во рамки на европскиот Инструмент за реформи и раст, откако Европската комисија одобри исплата од 65,7 милиони евра за земјава, како признание за напредокот во спроведувањето на реформите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според информациите од Европската комисија, Македонија добила повеќе средства во споредба со Албанија, која доби 49 милиони евра, и Црна Гора со 44,2 милиони евра, што ја позиционира земјата како лидер во тековната реформска агенда на Западен Балкан.

Фокусот на реформите во Македонија бил ставен на подобрување на финансирањето на основното и средното образование, како и на проширување на пристапот до дигитална инфраструктура и ИТ опрема во училиштата.

Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека останатите средства ќе бидат наменети за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), по добивање на потребните одобренија.

Со оваа исплата, вкупната финансиска поддршка што Македонија ја добила преку овој механизам достигнува 142,1 милион евра.

Европскиот План за раст за Западен Балкан има за цел да им овозможи на земјите од регионот дел од придобивките од членството во Европската унија уште пред официјалното пристапување, преку економска интеграција, поддршка на реформите и зголемено претпристапно финансирање.

Средствата кои ќе се реализираат преку WBIF се предвидени за инфраструктурни проекти во одржлив транспорт, чиста енергија, дигитализација и развој на човечкиот капитал, што дополнително може да придонесе за модернизација и побрз развој на Македонија.