Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден. Прохор беше ракоположен од светиот апостол Петар за епископ Никомидиски. Извесно време беше на служба кај свети Јован Богослов и на островот Патмос ги забележа откровенијата што ги слушнал од устата на светиот Јован. Потоа се врати во Никомидија, каде вложи голем труд за обраќање на народот во верата. Маченички се упокои во Антиохија, каде беше убиен од неверници. Свети Никанор пострада во Јерусалим истиот ден кога и светиот архиѓакон Стефан, а набрзо по него пострадаа и две илјади други христијани, кои беа убиени од зли Евреи. Тимон беше епископ во Арабија и пострада за Христа на крст. Пармен умре пред очите на апостолите и тие го оплакаа и го погребаа.
Денес се празнуваат Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен
ХОТЕЛ „СИРИУС“ ВРАБОТУВА МАСЕР/КА И РЕЦЕПЦИОНЕРКА!
Хотел „Сириус“ вработува МАСЕР/КА и РЕЦЕПЦИОНЕРКА. Сите заинтересирани може да се јават на следниот телефонски број: 070 253 212 или…
Во организација на здружението Проагро Фармери во Сабота, 5ти октомври 2024 со почеток од 10часот, по четврти пат ќе се…
СЛАТКАРНИЦА „БИСЕР“ ВРАБОТУВА ХИГИЕНИЧАРКИ И ПРОДАВАЧКИ!
Слаткарница - „Бисер“ вработува ХИГИЕНИЧАРКИ и ПРОДАВАЧКИ. Заинтересираните за подетални информации и пријавување, може да се јават на следниот телефонски…
КОНЦЕПТ-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА СО РАБОТНО ИСКУСТВО!
Концепт-Струмица вработува СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА со работно искуство. За повеќе информации и пријавување, контактирајте го следниот телефонски број: 072 735 408
Совети, колумни, прашања и одговори. Секоја недела во 14:00 часот со Д-р Никола Маџунков. Најдобра нега преку професионален и непосреден…
етачката такси-услуга во Дубаи ќе биде пуштена во промет до првото тримесечје на 2026 година, изјави Калед ал Авади, директор…